По убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж во црна кожна јакна се вртка околу местото на злосторството. И колку повеќе размислува за него, толку поубедена станува дека тој е поврзан со убиството…
Но тој човек всушност е Џулијан Дарканџело, ФБИ агент кој работи на тајна задача и соработува со денверската полиција. Џулијан долго време пробува да фати организатор на трговија со бело робје и убиец и сè повеќе му се доближува. Но обвинувањата на Теса сега може да го разоткријат и да уништат сè, па затоа тој сака таа да биде тргната од истрагата.
Но колку повеќе се вплеткува во истрагата, толку повеќе Теса станува мета на убиецот. Џулијан и Теса се принудени да си веруваат еден на друг и нивната физичка привлечност ескалира додека ловат безмилосен убиец кој сака да ги види двајцата мртви.





